
Бордерката Ester Ledecka уште еднаш шокира, освојува спуст во Светски Куп од редна позиција бр.26
Бројот 26 таличен за бордерката Ester Ledeckacka, која како шампион во сноуборд веќе направи сензација на Олимписките игри во PyeongChang со победа во super-G од стартен бр. 26. Ledecka овој пат најбрза на спустот во Lake Louise и сега веќе ја освои својата прва победа во Алпско скијање на Светскиот Куп во петокот исто така од стартен бр.26.
Победи пред Швајцарката Corinne Suter за 0.35 секунди подобро време и Stephanie Venier од Швајцарија која заврши трета. Да споменеме само дека Mikaela Shiffrin беше на 10то место во нејзината најслаба дисциплина.
“Јас сум самата поизненадена од сите овде присутни” изјави Ledecka. “Бев малку незадоволна од своето возење, но потоа навистина се изненадив од времето кое го постигнав.”
Чехињата Ledecka која е Олимписки и светски шампион во Alpine snowboarding досега имаше седмо најдобро време на трка од Светскиот куп во дисциплините на Алпско скијање. Како послабо рангирана скијачка, најчесто тргнува од позиција над 20то место на стартната листа.
Минатата сезона, Ledecka настапи на повеќе трки од Светскиот Куп во скијање наспрема бордање за прв пат во кариерата. Беше приморана да избере помеѓу Светски шампионат во скијање наспрема сноуборд заради поклопување на распоредот по што одбра скијање и заврши на 15то место. Таа сеуште не е решена за престојниот распоред.
Можно е да продолжи на турнејата во Алпско скијање на super-G трката во Швајцарија наредниот викенд или пак да одлета за Италија на натпревари од сноуборд. Жените возат уште еден спуст а и super-G во Lake Louise наредниве денови.
skimacedonia
