Крањска Гора гради гондола и ги проширува ски капацитетите

kranjska_gora_zima1

Словенската влада преку 40-годишна концесија одобри изградба на нова гондола за унапредување на капацитетитe во Крањска Гора, каде во најскоро време би можело посетителите да се возат до врвот на Витранц на околу 1600 метри. Инвестицијата чини меѓу осум и десет милиони евра, а покрај приватен концесионер, делумно е финансирана од државата и околните општини. Треба да бидат достапни 22 до 25 кабини за 10 лица, а капацитетот на жичарницата би достигна до 1000 луѓе на час. Долната станица ќе биде сместена близу центарот на Крањска Гора.

fischer_sportbike_banner

Во моментов највисоката точка на ски-центарот е на 1295 метри. „Гондолата до врвот на Витранц на 1600 метри, ќе му обезбеди на нашиот скијачки центар нова димензија на скијање и други активности на отворено“ изјавија одговорните од центарот.

Се очекува дека гондолата би можела да биде оперативна веќе во 2020 година.

Во близина на ски центарот се наоѓа и познатата ски скокалница Планица.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки