Дека ние сме шампиони конкретно оние кои ја водат државата имаме бројни примери. Во случајот со скијањето имаме неколку, за секој ски центар по еден, многу милиони инвестирани плански или неплански, брзоплето или не, завршија во рѓа, непотребен метал и не така функционално. Ратраците и снежните топови на Пониква и Крушево, шестоседот на Попова Шапка каде цела опрема веќе четврта сезона рѓосува чекајќи да биде инсталираниа. Ако се чудиме зошто не одиме напред како држава, еве дел од одговорите, фрламе многу пари во деструкција, заради спротивставени интереси на мали групи и табори. Штетите се непроценливи по туристичкиот имиџ и бизнис амбиентот во целост.
видеото во прилог е изработено од Институтот за комуникациски студии.
skimacedonia