Минатиот викенд на падините на Бистра, беше реализиран трет пат по ред алпскиот куп “Меденица 2019″ . Овогодинешниот алпски куп се одржа со учество на шеесетина млади натпреварувачи од повеќе категории , снегули, цицибани и деца од У8 до У16 поделени во машка и женска конкуренција. Факт кој барем нас навистина не радува е дека од година во година бројот на учесници е во пораст и интересот за скијање кај младите е во нагорна линија. Ски клуб „Меденица” ќе настојува овој куп да прерасне во традиција.
РЕЗУЛТАТИ
skimacedonia












