#rideeverywhere ⛷️🏂 Скијањето не е само стрмни планини и долини, тоа е уживање во секое делче од природата.Времето не ни се погоди за планираниот туринг кон врвот Мусица 1788m, па заради густата магла слетавме назад кон центарот….Крушево нуди релаксирано дружење со снегот и планината, проследено со сите благодети на едно мало, но историски големо гратче. 🙂
Дестинација за вистински релаксиран фамилијарен одмор и за скијачи почетници.
Зимата и снегот добро се легнати околу Крушево, на терените има до 60 см снег, а деновиве во прогноза се нови снежни врнежи. Дневните температури ќе бидат околу 0°C, проследени со слаб до умерен ветар. Активни се двата ски лифта и двоседот жичница. Во градот изминативе денови сместувачките капацитети беа исполнети во голем процент, па доколку сакате да се сместите во пријатен хотел или апартман по ваша желба, треба навремено да ги правите резервациите. Инаку градот и рестораните периодов се активни и работат под полна пареа.
медиа материjал #skimacedona, 20.01.2019 год.
skimacedonia











