Веќе има неколку лавински инциденти кои се случија изминатиов период во зоната на Шар Планина. Дел од нив се во рамките на ски центарот Попова Шапка, ски центарот Брезовица, како и планинарските зимски рути на Шарските врвови. Повеќето од овие инциденти се случија изминатите десет дена при планинарско искачување и ски-туринг движења.
Опасен инцидент се случи на 15ти декември, кога тројца планинари при обид за искачување на врвот Љуботен, Шар Планина беа зафатени од лавина. На нивна голема среќа од оваа сериозна комплексна ситуација, успеваат да се извлечат и да се вратат истата вечер во своите домови.
При искачивање на врвот, заради лошите временски услови, силен ветер и слаба видливост, на 100тина метри пред врвот решаваат да се вратат, но притоа несвесно прават скршнување од патеката по која се качувале и влегуваат во лавински терен. Едниот од нив е однесен од лавина, при што планинарите губат контакт помеѓу нив. Останатите двајца во обид да направат заобиколување на теренот и да пробаат да помогнат, по некое време и нив ги зафаќа лавина.
Во тие момент без контакт при преживување на исклучително опасна ситуација при многу ниска видливост, двајцата планинари продолжуваат да го симнуваат Љуботен по стрмен терен на косовска територија. Планинарот кој е првично бил зафатен од лавина, продолжува да спушта кон македонска територија, при што повторно е зафатен од лавина и со голема среќа, останува на површината доволно за да може да се извлече сам.

– Белите облаци се локациите каде се случуваат лавините кои ги зафаќаат планинарите
– Портокаловата е искачувањето нагоре и точката кога се скршнува од патеката.
– Црвената е патеката по која се движи/го носи лавина првиот од групата
– Жолтата е патеката по која се движат останатите двајца.
Истиот викенд во ски центарот Брезовица , под Пирибег кон месноста наречена Орлова група турно скијачи имаа блиска средба со лавина создадена од напластени големи блокови на нов снег од ветар. Лавината се случува во моменти на подготовки за спуштање по тој терен. За среќа оваа ситуација завршува без посериозен инцидент.
Минатиот викенд во зоната на Церипашина, Бобинова стена исто така имаше лавински случувања.
На нашата страница постојано објавуваме лавински предупредувања во делот на тековни информации , а важни детални информации за планинска прогноза следете на метеопро.
skimacedonia

