Кој во Европа најмногу ги шета планините

Hilaree Nelson (ONeill) Jim Morrison Lhotse 2

Според Еуростат, планините се една од главнaтa дестинација за 13 отсто од индивидуалните патувања на населението на ЕУ во 2016 година.

Истражувањето објавено по повод Меѓународниот ден на планината, покажува дека Словаците се тие кои најмногу се искачуваат на планина, дури 25% од нивните патувања вклучуваат посета на планина, на второ место се Романците со 24%, па доаѓаат Франција и Италија со по 19% отсто од патувањата.

Спротивно од нив, Литванците најмалку ги посетуваат планините, патувањата каде што е вклучена планината се само 1%. По нив се жителите на Естонија, Хрватска, Шведска со 2%,  Данска и Велика Британија 4%.

Посетите на планина во 2016 година траеле во просек 6,4 ноќевања, што е подолго од просекот на сите други патувања каде има во просек по 5.3 ноќевања.

Македонија не е земена во оваа анализа, но имајќи го во предвид степенот на планинарски активности на земји кои подобро ги познаваме како што се Бугарија и Словенија, голема е веројатноста нашиот процент да биде под 5%.

eurostat

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки