Повредата на Manuel Osborne повлијае на одлуката Erik Guay да се пензионира

Erik Guay го напушти светот на Алпско скијање како еден од најдобрите Канаѓани.  Не гледа повеќе смисла да ризикува.  Повредата на Manuel Osborne-Paradis’ повлијае на одлуката,  скијачот од Монтреал да стави крај на кариерата.

fis erik guay 3

Пензионира без каење. Erik Guay, еден од Канадските најуспешни алпски скијачи донесе инстант одлука да го напушти спортот на брзините. Guay ја објави веста во четвртокот неколку часа пред да биде најавен дека ќе се натпреварува на трка од Светскиот Куп во Lake Louise, а го темпира својот опроштален круг за време на неделното super-G.

Овој 37 годишен скијач од Монтреал веќе најави дека ова му е последна сезона, но призна дека опасното излетување и опасниот пад на тимскиот колега Manuel Osborne-Paradis ја забрзал неговата одлука.

Guay бил едноставно пример за скијачите од Канада. Носел големо искуство и лидерство во ски тимот на Канаѓаните.

Guay изјави дека ова било пресуден момент “Имав старт неколку броја после Manuel кога чув дека излетал и дека треба да се пренесе со хеликоптер, знаев дека нешто лошо се случило и на некој начин се ставив на негово место и си помислив, “Човеку ако на тебе ти се случи такво нешто, дали ја имаш енергијата повторно да се проаѓам низ процес на рехабилитација.”  “Кога падна мојот колега, се ми се избриша и помислив да се симнам со лифт надолу.’

“Не можев да се фокусирам и настапам како што сакам и веќе знаев дека е готово. Многу работи ме повлекуваат на друга страна” Моето скијање не беше на посакуваното ниво и имав многу прашалници во главата. Откако го слушнал моментот со хеликоптерот почнале да му се редат лоши мисли за повреди и рехабилитација. Guay почуствувал несигурност кога стасал во Lake Louise, за спустот, а пред се размислувајќи колку ќе биде конкурентен откако лани ја пропушти пола сезона со повреда на грбот. Guay исто така не сакал да прифати дека целата зима ќе биде повторно отсутен од животот на сопругата и своите четири ќерки.

fis erik guay 2

Guay вели дека ваков високо ризичен спорт како што е алпското скијање, бара целосна физичка и ментална посветеност.

“Повеќе не ми беше така забавно како порано. Секако јас уживам премногу кога скијам и кога сум на стартната капија,чуство на исчекување и тензија, но веќе не го доживувам тоа. Со паметот бев на друго место наместо на патеката, каде што треба да сум со мислите.”

Неговите бројки се импресивни. Стигнувајќи до 25 подиуми на Светскиот Куп, Guay освои две светски титули и тоа во спуст во 2011г и во super-G минатата година.

“Се надевам дека успеав да дадам инспирација на многу млади скијачи да се подобруваат и да ги бркаат своите цели да се најдат на Светскиот Куп и да ја презентираат својата земја низ целиот свет. Да уживаат во ски спортот. Сметам дека ова е наследството што сакам да го оставам.”

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки