Споделени искуства и ставови од Climbing Camp Ohrid

Помина првиот Качувачки камп (Climbing Camp ) на кој доминираа присутни од домашната качувачка сцена, а притоа секогаш е интересно да се сподели по некоја мисла, искуство од оние кои дојдоа да научат нешто ново, како и од оние кои беа ментори и имаат големо искуство во зоната на овој адреналински спорт, како што е качувањето карпи.

camp cover

Ива Апостолска – За мене, првиот спортско-качувачки камп за жени, на иницијатива и организација на Илина Арсова, е дефинитивно еден од поубавите спортски настани кои се случија во Македонија во изминативе месеци, и тоа од повеќе аспекти.  Овој камп обедини жени кои негуваат силна страст кон карпите, и оние за кои качувањето карпа беше сосема нов предизвик. Ова беше одличен спој за меѓусебно женско зајакнување, и генерално, одлична можност за унапредување на женското учество во еден ваков тип екстремен спорт.

Истовремено, качувачките активности на различни локалитети, како оние во Охрид и Стење, нам учесничките ни овозможија да се запознаеме со изобилство природни убавини што Македонија ги поседува, и кои мораме да ги чуваме, почитуваме и користиме со максимална грижа, практикувајќи безбедност.
Неформалното дружење, презентациите и работилниците ни овозможија да се стекнеме со ново знаење, не` инспирираа да размислуваме за сопствените соништа и способности и ни дадоа фантастична подлога за вмрежување и стекнување нови пријателства. Со задоволство можам да констатирам дека кампот ја постигна својата цел да ги мотивира и придвижи жените поактивно да се занимаваат со спортското качување, а тоа се потврди со големиот интерес на учесничките за спортот откако заврши кампот.
Јас со радост ќе се присетувам на сите моменти и сите исклучителни жени, пријателки и спортистки од кампот, со кои денеска заедно качуваме, а и ќе посакам овој настан да стане наша редовна пракса и приказна која ќе живее генерации после нас. Им благодарам на сите кои овозможија ова да се случи.
.

Елена Ели  – Женскиот качувачки камп во организација на Илина Арсов беше еден возбудлив, импресивен и поттикнувачки собир, на кој успешното теоретско и практично претставување на овој спорт придонесе да се зголеми и реализира желбата за “карпа”. Додека пак, нашата домаќинка со едноставен, пријателски и искрен пристап, страсно ги сподели своите искуства со планината и со карпата. Воедно ни ги отвори вратите на својот мал, комфорен, топол и пријателски дом Икар Хут во Лагадин, Охрид. До тогаш не бев знаев дека Охрид изобилува со импосивни качувачки локалитети. Благодарение на качувачите од Битола и Охрид, девојките, учеснички, имаа можност безбедно да почувствуваат големината и убавината на карпата. Секој си добил своја прилика и секој на крајот од денот имал насмевка на својата личност. А нас не беше од сите полиња, качувачки, планинарки, почетници и сите со желба за повеќе. Желбата е поттикната, продолжуваме понатаму и се надеваме повторно да се сретнеме на следниот качувачки камп.

climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (2)

Александра Србакоска – Преубав настан. Незаборавно искуство. Имав можност првпат да го пробам овој спорт. Многу ми се допадна. Преубав и возбудлив спорт кој бара голема љубов и посветеност. Одлична организација, неколку дена исполнети со многу едукативни содржини корисна за качувачите и за нас кои сме постојано на планина и секако дружба со прекрасни и позитивни девојки. Голема благодарност до Илина Арсова пред се за идејата, организацијата на овој камп и најмногу за гостопримството и неблагодарното споделување на нејзините искуства и знаење со сите нас. Се надевам дека Женскиот качувачки камп на Илина Арсов ќе стане традиција.

Благица Владимировска – Голема благодарност до Илина Арсов за гостопримството, организацијата, несебичното споделување на знаењето и искуството. Мило ми е и чест што запознав толку прекрасни, храбри и силни жени. Кампот ме смени на повеќе начини, од една страна ме наполни со позитивна енергија и амбиција за качување камења, но и ме подготви за задачата не е лесно, дека освен љубов и желба како за секој спорт, потребно е постојано учење, вежбање техники , сила и упорност.

Владимир Трповски – Многу сум среќен како претседател на Македонската Спортско Качувачка Федерација www.climbing.mk и како еден од доајените на Македонското спортско качување, што бев дел од првиот женски качувачки камп. Ние како македонци сме горди на понежниот пол на чело со Илина Арсова, бидејќи ова е прв ваков камп на Балканот и е пример за околните земји, а тоа го увидовме бидејќи бевме посипани со маилови да се вклучат. Но сепак, првото издание е секогаш резервирано најдобрите односно за домаќините. Илина се покажа како одличен организатор и лидер со искуство, за кое не и беше возрвратено подеднакво од сите учесници, но тоа беше показател дека фали таа дисциплина и организираност во ова урбано хаотично време, а впрочем и качувачките спортови само така функционираат.
На крај ќе се заблагодарам на Илина и на сите жени вљубеници на спортското качување и ќе ги охрабрам да продолжат да се дружат преку спортското качување, а со тоа ќе разубават качувачките локалитети низ Македонија.

Илина Арсова – Кампот помина во добар ред запазувајќи ги активностите предвидени во програмата со мали поместувања заради временските услови. Задоволна сум од интересот покажан од страна на девојките, но не доволно од нивната мотивација за напредок и нови знаења. Битно е во спортот да се разграничи што е рекреативен, а што професионален спортски тренинг за истиот да придонесе за подигнување на резултатите на државно и меѓународно ниво. За спортски резултати значајно е девојките да почнат да се занимаваат од помлада возраст, но за тоа пак не секогаш се наидува на разбирање од родителите кои овој спорт го сметаат за високо ризичен. Токму затоа сакавме да го доближиме ова искуство со основни елементи на спортското качување до пошироката маса со цел да се даде на знаење дека ако се следат правилата на играовој спорт може да биде вистинска забава, која вклучува моторични вежби за целото тело и особено го изоштрува психолошкиот аспект на личноста.

climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (2) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (3) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (4) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (5) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (6) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut (7) climbing camp ilina arsova art and adventure ikar hut

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки