УНЕСКО: На Пирин може да се развива ски туризмот

home_BWhtl5_czE4qw_pirin bansko

УНЕСКО го одобри развојниот план за Банско, Бугарија може да продолжи да развива ски туризам во рамките на НП Пирин

На денешната 42 годишна седница на УНЕСКО која се одржа во Бахреин, беше изгласано ново решение за НП Пирин, каде УНЕСКО ги подржа промените на Планот за управување со НП Пирин и изградба на нови гондоли и жичници. Иако промените беа одобрени сепак Комитетот на УНЕСКО донел заклучоци и забелешки во кои се наведуваат нејаснотии околу долгорочната стратегија за социо-економски развој на тампон зоната, Планот за управување не забранува замена и изградба на нови туристички и скијачки капацитети, и услов тоа да не се наштети на заштитениот простор од УНЕСКО, забелешка дека бугарската држава не забранува изградба на објекти за водоснабдување за вештачки снег во тампон-зоната, непостоење на нов оперативен план за управување поради правни жалби против Проценката на влијанијата врз животната средина итн.

Од резултатите на 42та Седница на УНЕСКО, станува јасно дека организацијата не ја ограничува Бугарија да развива туризам во НП Пирин и тампон зоната, а излегува дека целата информација што излегла по медиумите дека УНЕСКО е против развојот на ски туризам во Пирин е неточна пишува ekonovini.bg. Тоа е резултат на ширење на лажни информации од страна на бугарските невладини организации со нејасни интереси.

При затворањето на настанот вицепремиерот Валери Симеонов ги поканил сите членови на Комитетот на УНЕСКО во посета на ски центар Банско. А претходно пред настанот, вицепремиерот Симеонов објавил на Фејсбук дека со години бугарските НВО-та лобираат за лажни татковини и странски каузи во УНЕСКО, со што го запираат развојот на домашниот бизнис и туризам.

Конфликтот меѓу бугарската влада и бизнисот контра зелените НГО организации е очигледен на социјалните мрежи и медиумите, префрлајќи си едни на други вината за лицемерно луксузирање, скриени мотиви на НГО организациите и нанесената штета на претприемништвото и туризмот во Банско и Бугарија.

Комитетот на УНЕСКО е составен од 21 земја членка, кои се поставени на ротирачка основа. Членовите на организацијата се вкупно 195.

Во моментов во Комитетот членуваат: Ангола, Австралија, Азербејџан, Бахреин, Босна и Херцеговина, Бразил, Буркина Фасо, Кина, Куба, Гватемала, Унгарија, Индонезија, Кувајт, Киргистан, Норвешка, Сент Китс и Невис, Шпанија, Тунис, Танзанија, Уганда и Зимбабве.

Интернационалните еколошки здруженија како WWF  – World Wide Fund for Nature веќе изразија жалење од одлуките донесени на 42та седница на УНЕСКО каде наведуваат дека со оваа одлука иднината на НП Пирин е неизвесна.

pirin bansko ffw for nature

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки