Зошто качувањето? Во многу земји екстремните спортови поготово алпинистичките искачувања на големи надморски височини и експедициските качувања се потценети во споредба со другите спортови. Една од причините за ваков несоодветен (не фер) третман и отсуството на реална споредбена конкуренција додека освојувате врв. Но за волја на вистината многу околности кои ја изложуваат оваа активност на висок ризик, не се земаат во предвид додека се вреднува спортското достигнување како национален резултат ( лавини, невреме, недостаток на кислород, екстремни температури и одалеченост од безбедни точки).
Зошто девојки? Во некои гимнастички, атлетски спортови жените може да бидат по активни од мажите, но во планините жените партиципираат само со 10% и помалку, како и драстично тоа дека помалку се застапени во медиумите. Овде не сме да ја нагласиме феминистичката страна, туку страста, посветеноста и спортските резултати од овие атлети.
Цели: Главна цел на овој проект е промоција на родовата еднаквост преку спортот, посебно во земјите во развој. Целиме да креираме повеќе модели, примери мотивирајќи ги следните генераци на млади и девојки кон спортовите, преку инспиративни приказни кои раскажуваат за страст, посветеност, страв, љубов и среќа. Нашата мисија е да креираме светски распространета мрежа на инспиративни жени од планинарската заедница, кои сакаат да ги споделат нивните приказни преку документарен видео циклус “ОВА Е НЕЈЗИНАТА ПРИКАЗНА” (“This is HER story”). Зборовите се по инспирација на мојата менторка Donna Carpenter (Burton Snowboards), за време на Global Sports Mentoring програмата од 2012 година.
https://vimeo.com/275643508
skimacedonia
