Реализирана еко акција „Сите за Попова Шапка“

Во организација на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје, подружница Попова Шапка изминатиот викенд на 12.05.2018 година беше реализирана еко акција „Сите за Попова Шапка“ во која активно учество земаа сите вработени од ски – центарот, луѓе од „Аларм за природата“, колеги-туристички работници од Попова Шапка кои ги користат услугите на центарот и поголем број на доброволци граѓани и активисти.
Оваа акција е втора од ваков вид. Првата, беше организирана со завршување на зимската сезоната во месец април. Оваа акција е најава на претстојната, летна сезона во центарот.

Целта на еколошката акција е да ја подигне свеста за заеднички придонес во рамките на нашата општествена одговорност, како Друштво, со давање придонес во напорите за подобро функционирање на Ски – центарот Попова Шапка, се со цел добивање на здрава еколошка средина за оваа значајна туристичка дестинација во Република Македонија.

Еколошката акција наиде на одличен прием кај јавноста, за што сведочи и големиот број учесници во истата.

Ваквите акции во Ски – центарот Попова Шапка во иднина, ќе бидат традиција.

ЕЛЕМ ТУРС упати јавна благодарност до сите што зедоa акативно учество во напорите за создавање подобро место за сите нас.

02 elem turs eko akcija popova sapka 03 elem turs eko akcija popova sapka 04 05 elem turs eko akcija popova sapka 06 elem turs eko akcija popova sapka 09 11 14 15 19 elem turs eko akcija popova sapka 20 24 26 30 elem turs eko akcija popova sapka 33 34 35 elem turs eko akcija popova sapka 37 elem turs eko akcija popova sapka 38

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки