37мо традиционално искачување „Титов врв 2018“

30420182_titov vrv

Следи настан

Планинарски Клуб „Љуботен“ – Тетово по триесет и седми пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и не претставува пред меѓународната јавност.

Настанот е дел од прославата по повод „Денот на Европа“ организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, согласно препораките на ФПСМ – Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на големи традиционални планинарски акции“, Планинарскиот Клуб „Љуботен“ ги поканува сите друштва/клубови и организирани здруженија да земат учество на овој заеднички планинарски настан преку официјална регистрација на истиот со пополнување на изјавата на координаторот и учесниците, како и формуларот за пријавување (документите можете да ги добиете со праќање на електронска порака на kontakt@pkljuboten.org.mk), со што би стекнале статус на учесник во организирана активност.

ИНФОРМАЦИИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И ПРЕВОЗ

• Превозот до Попова Шапка е во сопствена организација (за дополнителни информации Ви стоиме на располагање)
• Обезбедено е ноќевање во:
– Хотелските капацитети на Попова Шапка по цена од 600 ден. (10 €)
– Планинарски домови на Попова Шапка по цена од 300 ден. (5 €)
• Ве молиме, благовремено и најдоцна до 22.05.2018 г. да го пријавите Вашето учество, за да можеме да го координираме сместувањето во обезбедените сместувачки капацитети.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

• Пријавувањето може да се изврши:
– со испраќање на скенирани оригинални формулари и изјави, на официјалната маил адреса на П.К. Љуботен – kontakt@pkljuboten.org.mk, најдоцна до 22.05.2018 г., до 19:00 часот и со доставување на пополнети оригинални формулари при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 26.05.2018 г., до 18:00 часот или
– со пополнување на формулари и изјави при пристигнување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на 26.05.2018г.,до 18:00 часот.
• Пријавувањето се врши со цел верификација за учество на 37то традиционално искачување „Титов Врв 2018“ на друштвата/клубовите и организираните здруженија и доделување на диплома за учество.

КОНТАКТИ ЗА ИНФОРМАЦИИ

– Игор Стојаноски – моб: +389 (0) 77 894 661
– Маријана Димоска – моб: +389 (0) 78 601 424 и
– e-mail: kontakt@pkljuboten.org.mk

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ

26 мај 2018 (сабота):
– 12:00 часот – 18:00 часот – пријавување на друштвата/клубовите и организираните здруженија во сместувачките капацитети на Попова Шапка кај одговорните лица на П.К. „Љуботен“ и координација при сместување на пријавените учесници.
– 19:00 часот – свечено отворање на настанот во холот на хотелот „Попова Шапка“ – Попова Шапка.
– 19:30 часот – состанок со координаторите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.
– 20:00 часот – 23:00 часот – планинарско дружење и забава.

27 мај 2018 (недела):
– 06:30 часот – Поаѓање на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“!
– 11:00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв.
– 12:00 часот – поаѓање на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка.
– 16:00 часот – пристигнување на Попова Шапка, послужување со планинарски чај организиран од „Пријателите на Шара“, испраќање на гостите и затворање на настанот.

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ИСКАЧУВАЊЕТО

– Движењето се одвива по Вакуфска Патека во организирана колона по наведента програма!
– GPS податок за патеката можете да добете преку елетронска порака (kontakt@pkljuboten.org.mk)
– Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија, задолжително да присуствуваат на состанокот со координаторите! Истите при пријавувањето ќе добијат акредитација.
– Координаторите на друштвата/клубовите и организираните здруженија се одговорни за пријавените членови од матичниот клуб и секој координатор потребно е да има обезбедено доволен број на водичи сразмерно на бројот на пријавени учесници од матичните клубови – согласно препораките на ФПСМ! („упатство за број на учесници во планинарска акција за планинарски водичи“)
– Исхраната е во сопствена режија, индивидуално предвидена за планинарска тура до 10 часа!
– За искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема за во зимски услови!
– Секој од учесниците треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција!
– Сите индивидуални лица кои сакаат да земат учество на настанот мора да се приклучат кон одредено друштво/клуб и организирано здружение со формална пријава!
– Организаторот го задржува правото за промена на програмата во зависност од временските услови!

Напомена: Планинарскиот Клуб „Љуботен“ не одговара за последиците кои би се случиле вон оваа програма, како и за учесници кои немаат доставен изјави и формулар за пријава! Сите формално непријавени друштва/клубови и организирани здруженија и индивидуални учесници се смета дека не се дел од организацијата на 37то традиционално искачување „Титов Врв 2018“.

ПРЕПОРАКИ НА ФПСМ

Сите учесници се должни да се придржуваат кон следниве препораки:

– „Движење низ планина во зимски услови“
линк до документот: http://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2018/01/unnamed-file.pdf

– „Препораки за опрема“
линк до документот: http://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2017/02/unnamed-file- 1.pdf

– „Безбедна посета на планините во зима бидете подготвени и одговорни“
линк до документот: http://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2017/04/za-bezbedna- poseta-na-planinite-vo-zima.pdf

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки