Следи настан
Кој бил, знае.
Најубавото (по тврдењата на повеќето што го виделе) планинаско езеро на Шар Планина. До душа нема да можеме сеуште да се избањаме во него, ама затоа сега природата е во полн сјај. Шарени ливади со сочна зелена трева и цвеќиња во сите бои што природата ги дала, тиркизно-зелена длабока боја на самото езеро и сино небо (ако имаме среќа) за потполно уживање.
Се тргнува од селото Вешала на околу 1.250 метри надморска висина, и се доаѓа до езерото на 2,180 мнв. Доколку има заинтересираност, ќе се искачиме и на врвот Караникола кој се наоѓа во близина и е на 2.479 мнв.
Од опрема е потребна стандардната опрема за овој временски период со обавезна заштита од дожд и сонце (времето е баш пролетно лудо во мај месец 😉 ).
Вода има доволно по пат, ама имајте си еден литар со вас за секој случај (пивото не се рачуна во вода).
Храната е од ранец, а уживањето е обезбедено од природата.
Се трга стандардно од центарот на Тетово, од пред домот на културата, а цената на превозот ќе биде околу 200 денари (плус-минус 50 денари).
Должината на стазата е 12,5 километри (до езерото) а висинската разлика е околу 960 метри (исто до езерото).
Лица за контакт:
Александар/Цули: 070078/225-034
Владо/Трпе: 070/523-400
НАПОМЕНА
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
– Наведената планинарска акција е организирана и движењето и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
– Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опремаза предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде ислучен поради недолично однесување.
– Организаторите и водичите го задржуваат правото на промени на термините и редоследот во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
skimacedonia
