PRILEP BOULDER FEST KRALI MARKO – 2018

PRILEP BOULDER FEST KRALI MARKO - 2018

PRILEP BOULDER FEST KRALI MARKO – 2018

Следи го настанот

Почитувани пријатели ја имаме таа чест да ве пока ниме на 8-миот Прилеп болдер фестивал „Крали Марко” кој ќе се одржи на 30,31 март и 1 април 2018 год. на терените околу „Камена Баба”.
Категориите за маратонот се следни, деца до 14 год. и отворена категорија 15 + години во машка и женска конкуренција.

Распоред на активности,

Петок 04.05.2018

– Поставување на кампот, прифаќање на учесниците, нивно пријавување.
– Ноќно качување, во сектор „Баба лоу”.
– Логорски оган и дружење до 22:00 час.

Сабота 05.05.2018

– Од 9-11 час. пријавување на учесниците за маратонот, доделување оценски листи, натпреварувачки маички и др. рекламен материјал.
– Технички состанок со судиите и натпреварувачите.
– Од 11 до 16 часот Отпочнување и одвивање на маратонот
– Од 17 до 18 часот Сумирање и прогласување на најдобрите во сите категории.
– После 19.00 часот Забава за сите учесници, гости, логорски оган, бесплатно пиво и грицки, ДЈ.

Недела, 06.05.2018

Искачување по слободен избор на учесниците, затворање на фестивалот и кампот.

Исто така ќе ни биде задоволство доколку не посетат и дружат и сите љубители на качување со јаже, слек лајнери, планинари и сите љубители на природата и за нив ќе има место во кампот.

Регистрација:https://goo.gl/forms/9SdWMbTgVgS5fBEA3

Поздрав и се гледаме наскоро,
Организатор,
СКК „Златоврв” и Општина Прилеп

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки