Vardar/Axios Challenge – Што е тоа

30051660_vardar axios challene

Следи го Vardar – Axios

Што Е Vardar/Axios Challenge:
Од дамнина, реките се крвотокот на заедниците и културите. Во регионот на Јужен-Источен Балкан тече таква река, во Република Македонија ја нарекуваат ‘Вардар‘, а во Грција ‘Аксиос‘. Оваа река го издржа тестот на времето, и ние веруваме дека е, река на надеж и пријателство.

На 11 Јуни 2018, кајакари и кајакарки од Македонија и Грција ќе се соберат кај изворот на реката којшто се наоѓа во Вруток, Македонија. Во текот на наредните седум дена, ќе бидеме дел од заедничко патување од 388 км кое што ќе не однесе до крајот на реката во Егејското море, пред да стигнеме до нашата крајна дестинација во Солун, Грција.

Целта на оваа експедиција е да покажеме дека граѓаните и граѓанките на двете земји ја имаат моќта да се издигнат над политичките разлики, да се обединат и да соработуваат врз база на зеднички цели и планови, и да воспостават подобар диалог и пријателство.

Имајќи го ова во предвид, Vardar/Axios Challenge ве повикува да донирате средства за две иницијативи кои ќе дадат доприност за добросотојбата на жителите на двете земји, Македонија и Грција. Парите кои што ќе бидат собрани за Предизвик Вардар/Аксиос 2018 ќе бидат еднакво разпределени за да ги подржат следниве две иницијативи.

Прво: Ќе основаме добротвотен фонд за подршка на организации кои нудат директна помош за најранливите групи на граѓани и граѓанки во Македонија и Грција. Средствата кои што ќе бидат собрани оваа година ќе бидат донирани за подршка на активностите на ‘СОС Детско Село Интернатионал‘ во Македонија и Грција. СОС Детските Села нудат згрижување и заштита на деца без родителска грижа и деца, работат на промовирање на детските права, и подршка на деца од семејства во ризик.

Второ: Ќе основаме невладина организација за да се продолжат меѓу-граничните напори помеѓу граѓанското општество, бизнис заедницата, и академската заедница, помеѓу Македонија и Грција.

Во името на тимот на Vardar/Axios Challenge, го поздравуваме вашето учество на овогодинишниот инаугуративен настан.

Михаил Пеневски- Извршен Директор Vardar/Axios Challenge

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки