Во саботата на 31 Март во Ски Центарот Маврово се случи првиот Jam Session кој покрај најавата за силен ветер сепак се реализираше и помина во најдобар ред. Ски Маврово во соработка со SSNL екипата од Битола и Марко Дарков како главен шејпер (поставувач на патеката) имаше поставено дволиниски терен со елементи и голем скок за Air Bag-от кој за жал не беше во функција поради силниот ветер. Учество земаа околу 20тина натпреварувачи кои беа оценувани од трочлено судиско жири, кое на крајот ги даде победниците по категории:
Best Style – Николче Михајловски – Слаткарот
Best Trick – Иван Георгиев
Best Lady – Илзе Тими Донев
Победниците добија вредни награди од Drop In Shop Скопје.
Покрај натпреварувачкиот аспект настанот имаше и забавен карактер кој беше исполнет со музичка програма поддржана од Гоце Саф и дј Страјк, воедно и веселите екипи на Red Bull и Jegermeifter.
Со овој настан се докажа дека Freestyle сцената во Македонија постои и има простор за развој. Забавно беше да се види како 7 годишни деца имаат храброст и се обидуваат да прескокнат буре или да поминат 6 метарски бокс кое само ја потврдува идеата на Ски Маврово за комплетно рестартирање на забавниот freestyle парк во следната скијачка сезона.
skimacedonia










