Во друштво на Ски Бус Србија одржана работилница за промоција и поддршка на ски центарот Попова Шапка

Promocija_i_poddrska_popova sapka ski bur skijanje.rs

Имено, во периодот од 02 до 04 март 2018 година во Ски – Центарот „Попова Шапка“, „ЕЛЕМ ТУРС“ ДООЕЛ Скопје во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија  и „СКИ БУС“ од  Белград, Република Србија организираа работилница и посета на ски терените на Попова Шапка .

Учесници на работниот дел и посетата на Ски Центарот Попова Шапка беа  спортски работници , професори по физичко образование , инструктори и тренери за скијање , планинари, водичи , специјализирани лица за спасување во зимски услови,  и новинари од Република Србија .

„СКИ БУС“ од  Република Србија е најголемото  Здружение на Балканот  во кое  членуваат и активно учество имаат огромен број скијачи и спортски работници , (моментално имаат над 25.000 членови претежно од Србија) со единствен концепт кој е целосно посветен на популаризација на зимските спортови и насочување на сите љубители на зимските спортови и активниот одмор во природа.

Целта на работилницата и посетата од страна на учесниците во основа беше  да се разменат  меѓусебни искуства и вештини преку една интеракциска работна трибина  , со  претставување на туристичките потенцијали и атракциско – мотивацискте фактори на Ски Центарот „Попова Шапка“ пред туристичките работници и новинари кои имаат пристап до поголема група потенцијални гости и посетители на ски центарот.

Promocija_i_poddrska_ popova sapka ski bur skijanje.rs 12

ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија како домаќини на еден ваков несекојдневен настан искористија прилика за претставување на Попова Шапка како туристичката дестинација пред  учесниците на настанот, со намера да се зголеми нивото на промоција и креирање вистинска приказна за најдобриот Ски – центар на Балканот, и да  се обезбеди јакнење на довербата и создавање вистинска слика за безбедноста, квалитетот  и можностите кои ги нуди Ски – Центарот. Сè тоа со цел, зголемување на приливот по основ на  комерцијално туристички  посети за различни целни групи од регионот и пошироко..

За време на работниот дел  сите  учесниците имаа можност  да проследат видео презентација и да добијат промотивни материјали , мапи и  брошури за целосно и директно да се запознаат со оваа туристичка дестинација, но секако и  преку организирана посета   на атрактивните локации и ски патеки на Ски центарот Попова Шапка  да ги утврдат потенцијалите за скијање, бординг, и дополнителните содржини и атракции кои ги поседува  центарот.

Promocija_i_poddrska_6 popova sapka ski bur skijanje.rs

 

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки