Голема лавина под Церипашина во зоната на амфитеатарот на средна станица

lavina popova sapka huge avalanche! video, Popova Sapka Macedonia

Викендов Владимир Јовановски едвај спаси жива глава од лавинска ситуација во големиот амфитеатар близу средната станица на двоседот кој води кон Церипашина.

При скијање во амфитеатарот, Владимир иницирал мала лавина која набрзо анимираше втора многу поголема лавина со нестабилен слој на снег кој се наоѓа под првата лавина.

Во контакт со него, не беше во можност да ни даде дополнителни изјави од официјалните, но Јовановски првично за DailyMail изјави: “Сум видел многу видеа на интернет и на YouTube за луѓе збришани од лавина, но никогаш не мислев дека тоа може да ми се случи на мене.“Се почувствував многу застрашувачки, звукот што лавината го прави кога ќе почне, застрашувачки звук на напукнување, и одеднаш почна забрзано да се движи, немаше ништо што можев да направам во тој момент освен да се обидам да останам на површината. Се надевав само дека нема да удрам во некое дрво или карпа, имав големо ослободување кога лавината запре и можев да викнам по моите пријатели дека сум во ред”.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки