Иако ги има малку на број, фрирајд скијачите и бордерите се веќе активни низ Шар Планина. Барем оние кои практикуваат турно скијање уште од месец октомври се насладуваат со снежните убавини на планината, но како се приближуваат зимските месеци, така и снежната граница се спушта подолу до ски центарот, па турното искачување станува попристапно и полесно.
На Попова Шапка викендов наврнаа 30 см во центарот, во зоната над 2000 метри уште од минатиот месец има над 70 см акумулиран снег кој со последните вржени само се дополни.
(фото Ростислав Палагусјњетс, Маријан Филиповски)
skimacedonia




