Со Срце За Зелено Маврово
#СоСрцеЗаМаврово #KeepMavrovoClean
Во саботата, 2 декември, на 7 локации низ Маврово беа собрани повеќе од 400 вреќи отпад за 2 и пол часа. Повеќе од 100 доброволци во кординација со организаторот Go Green и Ски центар Маврово, заедно со помагателите придонесувачи во акцијата Нехар Турс – Хотел Алпина, НП Маврово, општина Маврово и Ростуше, луѓе од различни населени места, чистеа за позелено и поубаво Маврово. Како што пренесуваат од национален парк Маврово ” За жал остана уште (пре)многу и ќе мора подлабоко да навлеземе во суштината за да може да го решиме проблемот. Отвореноста на Општината и Националниот Парк и локалната заедница ни дава надеж дека може да се преземат конкретни чекори кон решавање на проблемот со отпадот.
Оваа акција не е решение на големите проблеми со кои се соочуваат сите населени места, но е добра акција која треба да разбуди и едуцира. Природата низ туристичките места е нашата животна средина која треба да ја негуваме и чуваме, отпадот не е нешто кое треба да го фрламе и да очекуваме дека некој друг ќе го исчисти.
skimacedonia








