Следи го настанот
Почитувани
По повод 19 годинини од несреќата во која животот го загубија нашите другари – алпинисти : Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев, во периодот од 08-10.12.2017г. во организација на АК. „К2“ ќе се одржи традиционалното искачување на врвот Солунска Глава.
Ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и да одадеме почит на нашите пријатели.
Програма на меморијалот:
Петок 08.12.2017г.
– Пристигнување и сместување во планинарскиот дом “Чеплес“ во попладневните и вечерните часови.
– За оние кои не знаат или не се сигурни како да пристигнат до пл.дом “Чеплес“ ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица и продавниците во Богомила) од 16:30 – 17:00 часот.
22:00 – Отворање на меморијалот.
Сабота 09.12.2017г.
08:00 – Старт на маршот. Посета на месноста “Горна Бабина Рупа“ и искачување на врвот “Солунска Глава“.
18:00 – Потсетување на нашите другари
21:00 – Планинарска вечер
Недела 10.12.2017г.
– Кратки прошетки
12:00 – Затворање на меморијалот
13:00 – Заминување
Напомена:
За искачувањето од пл.дом “Чеплес“ до врв “Солунска Глава“ задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.).
Сместувањето во пл.дом Чеплес ќе биде по цена од 200 денари во стариот дел и 300 денари во новиот дел за една ноќ.
Информации на телефон: 075/303 988 Дарио
Со спортски поздрав:
АК “К2“
skimacedonia
