Илина Арсова – Циклус слики и цртежи под наслов „Currently: Lurra“

Currently Lurra ilina arsova
Циклус слики и цртежи под наслов „Currently: Lurra“, е работен претежно во 2017 година, во непосредна врска со последните планинските доживувања претопени во скици, записи и дневници.
Насловот накусо опишува еден номадски пат, користејќи го Баскијскиот збор за планетата Земја, Lurra. Шарените планини потекнуваат од нов психолошки момент во ликовното творештво, каде по долгогодишно со-дејствие со природата, почнувам да ја разоткривам нивната душа, внатрешна содржина, темперамент, наместо дотогашната чисто надворешна, визуелно- естетска форма.
Во продолжение на циклусите „Патеписи“, „Мојот дневник од височините“ и „Таа и Јас“,  овде фигурацијата добива доза на апстрактен приказ каде речиси секогаш доминира потребата за оставање на чисти бели површини кои на композицијата и даваат свежина и чувство на безтежинска состојба, како едно непрестана пловидба во просторот. 
Локација, Дом на културата Кочо Рацин Скопје (Дом на градежници), изложбата трае до 3 ноември.
ilina arsova izlozba art

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки