

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со ЈП „Македонски шуми“, воведe делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена.
Забраната важи за периодот од 15.07.2017 година до 15.08.2017 година. Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се Националните паркови, Парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично.
Организираните група на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и Националните паркови и Парк шумите, ќе можат да движат во придружба на преставник од ЈП „Македонски шуми“, Националните паркови и Парк шумите.
п.с Консултирајте се со Националните парко, ЈП Македонски шуми, да не биде после “што сум кревал рака”

skimacedonia