Вчера во просториите на ГЕМ – Менада се одржа промоција на е-магазинот Шум чие прво издание е планирано за крајот на септември, а ќе се објавува квартално.
„Шум” ќе претставува е-магазин кој ќе обработува тематики од аутдор заедницата поврзани со спорт и рекреација во природа, планинарење, велосипедизам, алпинизам и качување и сите останати спортови и активности кои се изведуваат на отворено.
Идејата е зачната помеѓу Горан Николоски и Петар Герасимов – планинарски водачи при ФПСМ од планинарското друштво ПСД Макпетрол и Елена Џекова – графички дизајнер која активно работи на слични светски е-магазини. Мотивот за формирање на еден ваков медиум е секако, никогаш доволната потреба за дополнителна едукација, мотивација и инспирација на луѓето за спортовите во природа.
Авторите назначија дека секој кој е заинтересиран и е во можност да се вклучи и да го даде својот допринес од областа на некој од овие спортови за едукативни цели на нашата популација, би можел да се вклучи како соработник.
skimacedonia
