#ПочниСоВодно – Роденденска забава

18835984_vodno
Следи го настанот
Роденденските прослави се повод за споделување радост со пријателите, а ние сме среќни што ве имаме во огромен број. Затоа ве покануваме в четврток на Водно да го прославиме нашиот петти роденден. На врвот на Водно ве чекаме на добро журче, малку торта и многу дружба и смеа.

– Иницијативата #ПочниСоВодно е создадена за сите оние кои сакаат да се дружат, да ја подигнат својата форма, да изгубат по некое килце .Ви нудиме една поинаква “афтерворк” забава на која запознавате нови луѓе

Сѐ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Понеси си ранец во кој ќе имаш 1л вода, шушкавец или тенка јакна и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечеш на врв. Секако, да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка. Пожелно е челна ламба или какво било светло кое ќе ти го осветлува патот.
И тоа е сѐ. За сѐ друго ќе се погрижиме ние.
Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови 😉
Не ја пропуштајте енергијата која владее горе.

*** Планинарскиот дом на врв на Водно ќе биде отворен понесете си пари за чај / вода.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 1 л.
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки