Следете го настанот
Драги љубители на Мариово, во средината на мај го закажуваме шестото издание на фестивалот MARIOVO OFF-ROAD EXPERIENCE.
Оваа година сме на нова локација, во нов термин и со нови активности.
Информации за фестивалот можете да добиете на 078/400-047.
Дел од програмата:
12 мај, петок:
– 19-22 часот, ноќно возење и посета на неколку мариовски села
13 мај, сабота:
– планинско трчање, во организација и водство на TREX
– спелеологија, во организација и водство на Спелеолошки клуб “Златоврв” – Прилеп
– болдеринг во околината на село Манастир
– забава на отворено со тивка музика од 15 до 22 часот
14 мај, недела:
– две велосипедски тури
– планинарење и искачување на врвот Панделе на 1344 мнв, во организација и водство на Планинарско Друштво Трансверзалец
– ручек
skimacedonia
