Два во еден Традиционален Марш на Мурато + Momata Rock Trail со ВАК Анапурна

Pelister aj da vozime tura 2016 002

Следи го настанот

Сабота 13.05.2017 год. 28 ми Традиционален Марш на Мурато.

Во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски – Мурато, првиот Македонец кој се искачи на нависокиот врв на светот, Еверест Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер го организира 28 миот Традиционален Марш. Истиот ќе се одржи на 13 Мај 2017 година. Како и на многу значајни настани ВАК Анапурна ќе се приклучи на маршот со нејзини членови. Поаѓањето е од Инфо центарот во 7:00 часот. Предвидено време за искачување е до 13:00 часот каде ќе присуствуваме на традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски -Мурато и положување на свежо цвеќе на неговиот споменик. Во 13:00 часот се упатуваме назад кон Инфо центарот.
ВАЖНО:
* Задолжително најава за учество до 5 Мај за да можеме да го потврдиме бројот на учесници.
* Маршутата бара добра психофизичка подготвеност.
* Неопходна зимска планинарска опрема за искачување на врвови над 2500 метри.
* Храна и вода од ранец.

Недела 14.05.2017 год. Momata Rock Trail

Momata Rock Trail е планинска трка е со должина од 19 км и со висинска разлика од 1050 метри. Трката ќе се одржи на сртот на Селечка Планина. Почетокот на трката е сместен во предворјето на манастирот Свети Димитрија над с. Селце, каде ние членовите од Анапурна ќе направиме камп по враќање од Пелистер. За сите кои нема да учествуваат во трката ќе можат да ги наполнат батериите од јаркиот воздух прочистен од боровата шума околу манастирот.
Билетот за учество треба да секупи онлајн на Купи Карта за се и чини 450 денари кој треба да се набави најдоцна до 7 Мај. Натпреварувачите сартниот пакет со техничка маица и сартен број ќе ѓи подигнат пред почетокот на трката.

Сите кои ќе учествуваат во дводневната акција “Два во еден” најдоцна да се пријават и потврдатприсуство до 5 Мај 2017 год. Превозот ќе се организира со сопствен превоз (коли). Опрема за кампување задолжителна (шатор, подметач, вреќа, примус).
Лице за контакт Игор Марковски тел: 070 350 474.

Инфо лункови:

http://kupikartizase.com/Events/momata_rock_trail_2017

https://www.facebook.com/events/326566167762153/?ti=cl

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки