Нека не ни ги заслепува мислите сјајот на златото и желбата за брзо богатење. Планината Кожуф е вистинско богатство ако знаеме да ја користиме на еден правилен и еколошки одржлив начин. Лековити билки, бројни шумски плодови , шумите и богатство на питка изворска и минерална вода можат да станат заборав. Рудниците за злато само можат да донесат класична капиталистичко-корпоративна експлотација на регионот во кој Кожуф и Гевгелија, нема да видат поголем бенефит.
Во време кога чистите територии, еко и алтернативниот туризам стануваат вистински златни дестинации, да не дозволуваме рудниците за златото да ни го поматат умот.
Вистински рудник треба да бидат реновирањето на сите запуштени туристички одморалишта, инвестиции во нови туристички капацитети и туристички сервиси.
Во прилог споделуваме една актуелна новинарска сторија
skimacedonia

