И оваа зима eдна од најстарите форми на скијање во светот благодарение на Илина Арсова и невладината организација „ТАКТ“ можеше да се види низ падините на Бистра и мавровијата. Телемарк скијањето е техника која што комбинира елементи од алпското и нордиското скијање. Дисциплината го добива името од местото од каде што потекнува, Телемарк во Норвешка и се смета за една од најстарите форми на скијање. Опремата која се користи е всушност пресек од алпски и нордиски ски елементи, скии за алпско скијање со нордиски крост кантри тип на везови, слободна пета. Телемарк како тип на скијање во корелација со самата опрема си бара и посебна техника на скијање која се одликува со карактеристични потклекнувања кога се прават завоите.
“Целта на овој настан е придонес и анимирање на ски заедницата и проширување на погледите на вљубениците во зимските спортови. Оваа година дваесетина пасионирани учесници од повеќе земји (Србија, Франција, Германија) по интензивна обука на Бистра со себе ги понесоа основите на телемаркот кои успешно ќе ги практикуваат на терен. Се надеваме дека за некоја година низ нашите ски центри, телемаркот ќе ги прошара падините и ќе понуди уште поголем интерес и љубопитност за негово изучување.” изјави Илина Арсова
skimacedonia

