Скијање во Австрија – ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА НА DELL И ИТД ДИСТРИБУЦИЈА

ischgl-austria-itd-macedonia

Ако некој од вас планираше да ги посети алпите, сега имате вистинска шанса тоа да го реализиратe.  Од 10.12.2016, со ИТД Дистрибуција преку новата наградна игра “Dell доделува”, имате можност да добиете зимување за двајца во ексклузивниот ски центарот Ischgl во Австрија, а следуват и други награди, Dell лаптопи и телефони.

Наградната игра ќе трае до 31.01.2017 година. Право на учество имаат сите кои во овој период ќе купат Dell лаптоп во продажните салони на партнерската мрежа на ИТД како што се: AMC, ANHOCH, NEPTUN, PC CONTROL, SOFT MAK, TELEKOM, VIP и многу други.

Со купувањето на Dell лаптоп во продажните места купувачите ќе добијат купон, кој потоа треба да го пополнат со лични податоци и заедно со фотокопии од: фискална сметка, фактура или договор и гарантeн лист од ИТД Дистрибуција да ги испратат во бел плик со назнака “Dell доделува” на адреса ул.1552 бр.22, П.Фах 26, Визбегово, 1012 Скопје, Р. Македонија, најдоцна до 04.02.2017.

Извлекувањето на наградите ќе се реализира на 11.02.2017 година (сабота) во 13 часот во Скопје Сити Мол. Доколку сте планирале да се подновите со нов лаптоп сега е одличен период да го направите тоа, можеби токму вие ќе бидете среќниот добитник на една од наградите кои дефинитивно ќе ви го разубават почетокот на новата година.

20160912-itd-nagrdana-igra

Подетални информации за наградната игра може да се погледнат на официјалната web и Facebook страна на компанијата.

Инаку монденскиот австриски ски центар Ischgl е лоциран во Тиролските алпи и претставува една од најголемите скијачки зони на алпите заедно со конектираниот соседен ски центар Samnaun. Само Ischgl поседува околу 250 км обработени патеки кои се опслужуваат со 45 лифтови.

Колку е посебен овој центар покажува и калибарот на ѕвезди кои го посетиле и овде имале настапи, листата е стварно голема, а меѓу нив се, Elton John, Robbie Williams, Mariah Carey, Tina Turner, Bob Dylan, Sting, Enrique Iglesias, Rihanna Roxettе, Rod Stewart и стварно многу други.

ischgl-austria-itd-macedonia-2 ischgl-austria-itd-macedonia-3

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки