Сноубордот ги револуционаризираше зимските спортови, давајќи им алтернатива на ски ентузијастите, нов, екстремен начин на изразување и друга варијанта на спуст надоле по патеките.
Полниот назив на оваа справа е Dual Edge Snowboard. Комерцијалниот сноуборд, се смета дека првпат е сретнат во Јужна Калифорнија некаде во 1984 година, каде што прогресивно станал хит на ски патеките, со цел да се направи позитивна атмосфера во очите на уживателите на снежните лудории.
Двојниот сноуборд како што и самото име кажува, се состои од два индивидуални делови, кои се водат странично како традиционалниот сноуборд, сноускајт, веикборд, сурфборд. Се вози на начин ,така што секоја нога засебно управува со подлогата како скиите, со цел двете нозе да се пратат една со друга, синхронизирано. Поединечните даски им омозвожуваат на секоја нога да работи самостојно. Најчесто се вози во сноупаркови, по цевки, се изведуваат најразлични скокови, акробации.
Нема потреба за нови чизми или посебни поврзувања, бидејќи на нив пасуваат чизмите од стандарната сноуборд даска. Везот е сосем ист како кај стандарната (класична) даска, кај некои модели се само малку помодифицирани.
Паѓањата од ваквиот тип на даски се поинтезивни, бидејќи малку е усложнет начинот на одржување на рамнотежата на ваквото снежно спортување , па затоа се неопходни и задолжителни физичките вежби и загревања пред ваквиот тип лудорија, кога се доаѓа во контакт со снежната подлога.
Препорачливо е носење на штитници за: дланките, колената, лактите на рацете, перниче за задникот, кацига.
skimacedonia
