Наскоро камената кула на Титов Врв ќе биде комплетно затворена и заштитена од надворешни влијанија и ќе стане пријатно место за престој и заклон од лоши временски услови пред се во зимскиот период.
Акција која трае веќе подолг период, ја реализираат членовите на ПЕД Аргентус маунт како и други клубови од Тетово кои во повеќе наврати на рамо ги пренесоа прозорите, вратата и уште многу делови до самиот врв на Шара. Преостанаа уште два прозорци кои треба да се монтираат на вториот кат од кулата и други завршни работи и со тоа целосно ќе се затвори и изолира објектот.
Донатори на опрема за овој објект се фирмите Металекс, IR&FA Rolder, Les komerc, ПЗУ Др. Панче, сите од Тетово.
skimacedonia






