Турнејата започна!

rr11-bretПовеќе од 4000 луѓе ја посетија светската премиера на REEL ROCK 11 и отворањето на првото издание на REEL ROCK Fest во Денвер и Болдер минатиот викенд. Многу качувачки ѕвезди продефилираа на филмот или присуствуваа на качувачките натпревари, презентациите на The North Face, Access Fund проектите… По ова следуваат фестивалите во Сан Франциско, Њу Јорк и Вашингтон, а до крајот на годината продолжуваат и премиерите низ многу различни градови низ светот, вклучувајќи го и Скопје. Тука можете да погледнете и дел од атмосферата за верме на фестивалот.


“А внимателно обмислена, перцизно изработена вечер што го прави REEL ROCK искуство над сите.” Breathe Magazine rr11-usa

“Оваа година REEL ROCK филмската турнеја рока појако од било кога!” – Outside Magazine

rr11-usa-2

rr11-usa3

rr11-usa-4

Еми за „Бунт во долината“  

REEL ROCK 9 филмот Valley Uprising (Бунт во долината) тукушто доби уште една награда и тоа ни помалку ни повеќе туку наградата Emmy во категоријата Graphic Design and Art Direction. Тоа е сведоштво за неверојатните таленти на графичкиот уметник на филмот Бери Томпсон и неговиот тим. Судејќи според филмот можеме слободно да потврдиме дека наградата е и повеќе од заслужена. Valley Uprising и покрај многуте награди добиени досега, продолжува да собира уште фестивалски награди и признанија од критиката. Филмот е веќе окарактеризиран како еден од филмовите кој “мораат да се гледаат” и како “авантуристички филм на деценијата”.

vally-uprising-emi

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки