Од 15ти до 30ти септември, Фестивалот на планински филмови „ЕХО“, Ве поканува да учествувате на конкурсот за „Најдобра планинска фотографија“. Целта повторно, исто како што беше и минатата година, а исто како што е и со конкурсот за „Најдобро аматерско видео“ е да Ве поттикнеме, инспирираме, охрабриме – да ја споделите и Вие Вашата приказна преку Вашите најубави и најинспиративни моменти кои сте ги имале во планината, во природата – претставени во овој случај преку Вашите фотографии на најразлични теми: планински спортови и рекреација, пејзажи, планинска флора и фауна, живот во планина, изгрејсонца, зајдисонца, насмевки… И секако преку нив, да не’ инспирирате и нас, па штом заврши овогодинешното издание на Ехо – сите на планина! 🙂
Конкурирање:
Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со најмногу 2 фотографии и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо за таа намена: fotokonkurs@ehofilmfest.mk
Апликација:
Покрај фотографијата, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на фотографијата, а по желба на авторот – и краток опис за фотографијата/фотографиите со кои аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата фотографија.
За фотографиите:
Препорачан формат е JPEG/150dpi, со големина на фајлот не поголема од 20Мb. Фотографиите не смеат да содржат никакви жигови и логоа.
(Од победниците може да биде побарано да обезбедат и подобар формат за потребите на планираната изложба на Фестивалот)
Тек на конкурсот:
Сите пристигнати фотографии, ќе бидат објавувани во заеднички албум на Фејсбук профилот на Фестивалот и ќе биде овозможено секој да гласа за нив со „лајк“. 15-те фотографии кои до 24часот на 30ти септември ќе имаат најмногу гласови („лајкови“) ќе бидат испечатени и изложени за време на деновите на Фестивалот во фоајето на МКЦ (Кино Фросина). Организаторите на Фестивалот од тие 15 фотографии ќе одберат 3 победнички, чии автори ќе бидат наградени со опрема за планинарење од Outdoor.mk и најновите публикации на Фестивалот (изненадувања кои наскоро ќе бидат споделени :))
Забелешка:
Ќе бидат земени во предвид само фотографии кои претходно не учествувале на други конкурси и кои не биле изложувани и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со неговите фотографии и да ги користи за објавување на Фејсбук профилот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, за објавување во книги и списанија во издание на Фестивалот, огласи за нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.
skimacedonia