Македонските репрезентативци во алпско скијање на тренинзи за новата сезона

Mavrovo Bistra 06022016 Antonio Ristevski“Полека но сигурно ја започнавме новата сезона. После добрите суви подготовки во Македонија, еве не на Хинертукс во Австрија. Оваа година не чекаат многу натпревари, светско првенство во Сент Мориц и исполнување на олимписката норма за Пјонг Чанг 2018

Тренинзите на кои е присутен само Антонио Ристевски од А тимот, ќе траат десет дена и се состојат од тренинзи за подобрување на техниката. Веќе во септември на тимот ќе им се придружи Лука Божиновски кој живее во Канада и се надеваме на Марјан Нашоку, кој се жали на болки во грбот. Инаку на овие подготовки учествува и Виктор Петков од јуниорскиот тим заедно со неговиот тренет Никола Панчевски. Одсуствуваа Воислав Синадиновски поради здравствени причини, а очекуваме од септември на оваа екипа да им се приклучи и Лидија Симјановска.

Екипата на глечерот Хинтертукс во Австрија треба да остане до 27 август 2016.” изјави Иван Лесевски селекторот на нашата репрезентација во алпско скијање.

14045885_Macedonia alpine ski team
Hintertux, 19.08.2016

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки