По рекордната сезона од Светскиот куп во алпско скијање, Линдзи Вон има план за следната година – да се натпреварува на машкиот Светски куп. Американката, која е рекордерка со 76 победи во сите дисциплини, минатата зима стана најдобра во спуст со 38 победи и освои осми кристален глобус во дисциплината.
Повредата во Андора ја примора да се повлече предвреме и да ја загуби шансата за големиот кристален куп, таа планира да скија и во 2018, но последната сезона сака дуел со мажите.
” Во последната сезона би сакал да имам една трка против мажите. Тоа досега беше тајна, но сега станува мојата цел. Почнав да размислувам како тоа можам да го остварам, и ќе биде многу тешко да се справам со федерациите. Тоа ќе биде последното ура, да се победат некои момци и да си одам дома” – изјави Линдзи Вон во интервју за ЕСПН.
Во моментов е на фамилијарен одмор и во посета на своите роднини низ САД.
skimacedonia


