Почитувани планинари, љубители на планината.
ПСЗ „Козјак“ – Прилеп на ден 10,11,12.06.2016 организира три дневна програма по повод 20 години од првото традиционално искачување „Козјак ’97“ на врвот Козјак 1747 мнв , на Бабуна планина.
Оваа година на традиционалното искачување ќе промовираме уште една патека, односно од еднодневно во дводневно. Стартот на дводневната акција е од ж.с. Васил Антевски – Дрен , с. Оморани – ман. св . Никола с. Оморани – Шенова стена- врв мал Мукос – ман. св. Ѓорѓија Присад (над прилепското езеро ) каде ќе се преноќи и од каде ќе следниот ден ќе тргне колоната кон врвот Козјак. Традиционалното искачување оваа година останува со непроменета патека односно : <Прилеп > ман. св. Ѓорѓија – Борула – чешма Студеница – Белото – врв Козјак – чешма Студенец – с. Плетвар каде што ќе биде обезбеден ручек за секој.
1.ПРОГРАМА
-Петок 10.06.2016 – Вечерна трибина на која ќе бидат презентирани слики од досегашните искачувања и ќе се обратат постарите членови кои беа иницијатори за оваа искачување да прерасне во врвно традиционално искачување, посетено од бројни планинари од Македонија и Балканот ( Бугарија, Србија, Хрватска ) и ќе им бидат врачени благодарници на сите кои помогнале да опстане и развива ова искачување.
-Сабота 11.06.2016 – Собир на учесниците кои ќе учествуваат на дводневната акција на железничката станица Васил Антевски – Дрен , с. Оморани од 15:00 до 16:30 часот. Возот за планинарите кој ќе идат од Скопје тргнува во 14 : 30 , односно 15 : 24 од Велес, а за планинарите од Битола во 12 : 50 односно 13:34 од Прилеп. Патека : ж.с. Васил Антевски – Дрен , с. Оморани – ман. св . Никола с. Оморани – Шенова стена- врв мал Мукос – ман. св. Ѓорѓија Присад каде ќе се преноќева.
-Недела 12.06.2016 –
6:30 – 07:00 – Собирање на учесниците на плоштад Александрија (пред Реклами) ,собирање на листите на учесници, разговор со водичите на организираните групи и останатите учесници, и сместување во автобус.
07:00 – Тргнување од плоштад Александрија ( пред Реклами)
07:30 – Пристигнување на групата пред ман. св Ѓорѓија и старт на маршот.
09:30 – Пристугнување на чешма Студеница, прва поголема пауза, место за поручек.
10:30 – Пристигнување на групата на превој Белото.
12:30 – Пристигнување на групата на врв Козјак.
14:30 – Пристигнување на групата на чешма Студенец.
15:00 – Пристигнување во с. Плетвар, каде организаторот има обезбедено ручек, затворање на маршот, доделување на благодарници за учество.
17:00 – Тргнување од с. Плетвар кон Прилеп.
НАПОМЕНА :
.Потребно е секој учесник да понесе прибор за јадење.
За сите оние кои ќе учествуваат на дводневната акција потребно е пријавување најдоцна до 08.06.2016 поради сместувачките капацитети. Цената на спиење во манастирот е 50 денари. Исхраната за оние кои ќе учествуваат на дводневната акција е од ранец. ПСЗ Козјак обезбедува ручек за сите планинари во с. Плетвар по завршувањето на маршот.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗА СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВААТ НА ЕДНОДНЕВНАТА АКЦИЈА НАЈДОЦНА ДО 10.06.2016, ЗА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПОТРЕБИ.
ВО ПРИЛОГ Е ДОСТАВЕНА ЛИСТАТА, ЗА ЕДНОДНЕВНА И ЗА ДВОДНЕВНА.
1.ЕДНОДНЕВНА
https://drive.google.com/
2.ДВОДНЕВНА
https://drive.google.com/
Подетални информации и пријавување на :
тел. броеви
075/ 609-821 , 078/ 405 – 427 – Бојан
071/ 460-322 – Благоја
prilep.psd.kozjak@gmail.co
skimacedonia
