По повод 4-от роденден на I love hiking- group Macedonia

12973480_korab camping
Следи го настанот
По повод 4 години заедничко дружење, мачење по големи маршови, спиење заедно по домови, одење по соседните држави по нивните планини и бањи, трчање на кеј, вечерно на Водно и многу други заеднички активности, време е да го одбележиме тоа што сите нас не поврзува во една целина.
Прославата како и лани ќе се одржи на Ајдарова ливада која се наоѓа на патот кон Кораб.. подетални информации ќе им бидат дадени на шоферите….

Организацијата е следна…. секој сам се снаоѓа за превоз, ако има многу без превоз, им се обезбедува комбе, секој си носи кампинг столче и кампинг маса ( со пријавување кај организаторот )
Програма:
4 Јуни ( Сабота ) – одење до местото за да го резервираме – поставувавме шатори и кампираме . Вечерта кој ќе ја помине со нас, мора да има некоја добра приказна за на оган.
5 Јуни ( Недела ) – Кој не сака да кампува а сака добар излет, слободно може да ни се придружи ( и деца се добредојдени) . ЗАДОЛЖИТЕЛНО: е добро познавање на бадмингтон – инаку нема играње 😉
Шутирање топка и фрлање фризби – доколку не сте таленти земете си карти и табла… Носење на лежалки и сите помошни средства за добар помин. Скара ќе се прави а, и салати затоа донесете си продукти а може и да се групирате.
Имајте си резервен шофер за секој случај.
Бањањето во реката е дозволено.
Лани беше фантастично затоа се гледаме и оваа година.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки