Алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“ 2016

Македонската Алпинистичка Федерација, и оваа година го организира традиционалниот алпинистички собир на Матка, „Македонски Алпинистички Великани“, кој ќе се одржи за време на викендот 7/8 мај. Ова е еден од најважните собири за алпинистичката заедница во нашата земја, кој традиционално, со децении наназад се организира за време на вториот викенд од месец мај и кој ги привлекува алпинистите од сите алпинистички клубови од Р. Македонија, на задничко дружење и искачувања на алпинистичките насоки во овој локалитет.

alpinisticki velikani

За време на собирот, како и сите години претходно, ќе биде организиран и „Отворен ден со македонските алпинисти“, за време на кој сите заинтересирани, под менторство на искусни членови на Македонската алпинистичка федерација, ќе можат да се запознаат со основната опрема која македонските алпинисти ја користат за време на искачувањата, но и да направат искачување на соодветни насоки во овој локалитет.

Повеќе информации ќе бидат навремено споделени на самиот настан, а секако можете да ги контактирате органиазторите на следниот е-маил: contact@macf.mk

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки