Трекинг на Пелистер

pelister antena prespansko ezero

После долги договарања, конечно Пeлистер.
Отворена дводневна “trekking” тура на планината Баба над Битола. Со прoшетка низ националниот парк Пелистер и спиење на Големо езеро нa 2218 мнв, во п.дом “Димитар Илиевски – Мурато”
26.01.2016 година во 04:00 часот од паркингот пред поштата кај новата железничка станица е поаѓањето. Пристигнувањето е во националниот парк Пелистер на 1400 м.н.в од каде започнува и пешачењето до врвот Пелистер 2601 м.н.в.

Во зависност од временеските услови за сабота и недела ќе имаме повеќе опции во предвид. Доколку е убаво времето саботата ќе ја искористиме за подолга планинска тура.
Доколку неделата е подобра (по сончева) тогаш во недела ќе пешачиме повеќе а во сабота ќе имаме помалку пешачење.

Пешачење по “болници”, патеката е средно тешка и се пешачи до врвот 5-5,30 часа, се совладуваат 1201 м. надморска висина.
Во искачувањето ќе поминеме покрај остатоци од болници кои биле тука изградени за време на Првата Светска Војна, ќе искачиме неколку врвови, Партизански врв и Широко стапало, патеката е по срт кој нуди извонредни фотогравски глетки.
По пристигнување на врвот Пелситер 2061 мнв ке направиме кратка пауза и од таму ке се упатиме кон планинарскиот дом Димитар Илиевски – Мурато кој се наоѓа покрај Големото езеро на Пелистер на 2218 м.н.в. пешачењето од врвот до домот изнесува од 2.30-3 часа. По пристигнувањето во домот ќе имаме мала прослава со чорба од вргањ.
Утредента ќе се упатиме до врвот Ветерница 2420 мнв кој е над планианрскиот дом. Таму има бункери од времето на Првата Светска Војна. По мала пауза се симнуваме кон с.Нижеполе- пешачењето ќе трае 3:30-4 часа, пристигнуваме и поаѓаме кон Скопје.
Турата е кружна.
Цената на овој аранжман е 950 денри.
Бројот на учесници е ограничен.
Пријавување кај
Алекс (070-382 751)
Хари (077-743 599)
Дејан ( 071-212 808)
Пријавување и плаќање до Четврток.
Ќе имаме и гости од Битола со нас.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки