Momata Rock Trail 2016 по втор пат

За сите другарки и другари по патики, патеки, по висини и по љубов кон природата и планините и оваа година на 15 мај по втор пат се организира планинската трка Momata Rock Trail, во организација на Здружението за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп, а во соработка и со поддршка од пријателското здружение Trex.

momata

Сите заинтересирани за учество на заедничката планинска тркачка авантура која се организира во име на карпестата убавица „Момата“, како и во име на спортскиот дух, здравиот живот и позитивниот и афирмативен однос кон животната средина, ќе можат да се пријавуваат на е-апликацијата заклучно до 8 мај, 2016 година. Организаторот замолува сите заинтересирани учесници да го запазат крајниот рок за пријавување, за организацискиот тим да има што попрецизен увид во бројката на учесници, за понатамошна логистичка организација. Исто така, сите учесници на самиот ден на трката треба да бидат на стартната рамнина еден час пред официјалниот старт (09:00 часот). Секој учесник на стартот ќе добие стартен број, а на најдобрите тројца во машка и женска конкуренција ќе им бидат доделени медали. Надоместокот за стартнина е 100 денари, а плаќањето ќе биде пред самиот старт. Пријавување може да се иврши на линкот.

Инфо параметри околу трката:
Датум – 15 мај, недела, 2016 година, 10:00 часот.
Стартно место – манастир Свети Димитрија, с.Селце, над Прилеп, во ниските пазуви на Селечка Планина.
Должина – 19 км.
Висинска разлика – 1.000 D+

Повеќе инфо на сајтот на Трекс или на fb настанот.

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки