Во италијански Вал Мартел на 10-ти март се одржа последниот ИБУ Куп во биетлон на кој учество земаа повеќе од 100 натпреварувачи од целиот свет, меѓу нив и Дарко Дамјановски кој беше македонскиот олимпиец во Сочи 2014-та. Тој преку ова натпреварување обезбеди норма за учество за следната година.
Но, Дамјановски е незадоволен од селекторот и како што изјави и самиот за skimacedonia.mk….”Иако после две годишна суспензија и ниту еден тренинг стрелба и пушка која не доликува на ништо, на тој што му е дадено му е дадено, успеав да се изборам со три промашени патрони, да направам норма за учество за следната година иако сум избацен од живите, некако воскреснав и го достигнав овој резултат, кој за македонските репрезентативци предводени од селекторот Ѓоко Динески е само еден голем сон, иако имаат перфектни услови, но мое мислење е дека, не е до спортистите туку до тренерот кој ги подготвува. Искрено задоволен сум од мојот настап и со надеж дека работите конечно се менуваат во федерацијата и за следната година се надевам на целосна поддршка од страна на ски федерацијата со цел успешно да ја покријам нормата за олимписките игри 2018″ искоментира Дамјановски.
Инаку Дарко Дамјановски е видно незадоволен и од лошиот третман што селекторот Ѓоко Динески го има кон него преку коментар, дека трпи опструкции, а дополнително пред натпреварите во Италија има објавено на својот профил на социјалните мрежи, проблеми со воздушната пушка за стрелање.