Во првиот ден од трките, бугаринот Веселин Цинцов беше единствен кој 10 км помина за помалку од половина час. Тој победи со 29 мин 42 сек, минута и 2 секунди побрзо во однос на второпласираниот Раул Попа од Романија, а трет е Србинот Дамир Ратиќ.
Со трките на 10 км во машка и на 5 км во женска конкуренција заврши првиот ден 53 издание на Мавровскиот меморијал, традиционален натпревар во скијачко трчање што се одржува во спомен на загинатите градители на ХЕЦ Маврово. Нашиот најдобар натпреварувач Дарко Дамјаноски е на 5 место, а меѓу 10 најдобри е и Ставре Јада на 7 место.
Романките остварија тројна победа на двојно покусата патека, каде што Жанет Дарвас беше најбрза со 17,54 пред Николета Соварачи и Аља Кеменес. Од нашите најуспешна Викторија Тодоровска на 14 позиција, а три позиции зад неа е Марија Колароска. На меморијалот учествуваат вкупно 64 натпреварувачи од 7 земји, од кои 34 во машка и 30 во женска конкуренција. Според програмата, утре во 9ч реба да стартуваат натпреварите на истите дистанци 5 км за жени и 10 за мажи, што ќе зависи од временските услови.
Вториот ден од Меморијалот не се одржа заради обилниот дожд и топлото време, неповолните услови ги стопија и онака малите количини на снег и не дозволија да се реализира, по што делегатот донесе одлука да ги откаже трките на 5км во жени и на 10км за мажи.
skimacedonia
