Попова Шапка со снег но без атмосфера за скијање

И покрај обилните снежни врнежи на Попова Шапка, поволни услови за скијање нема, временските прилики не го дозволуваат тоа, прегледноста е на ниско ниво, снегот е со пролетен квалитет и е прилично влажен во зоната на ски центарот, со температури над нулата. Во моментот има над 30 см нов снег.

Ваквото време ќе продолжи  и во текот на следната недела. Утринава дел од лифтовите на Попова Шапка работеа делумно заради малкуте скијачите кои престојуваат низ центарот.

Од утре 14 март, понеделник, ски лифтовите ќе бидат во функција.

фото 13.03.2016

Popova Sapka 13 mart (2)Popova Sapka 13 martScardus_01_20160313113325403 Casa Leone_01_20160313113331934

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки