Доколку барате сериозна возбуда, таа не мора да ја барате надвор од границите на Македонија. Можете да ја добиете на два часа возење од главниот град, во рамките на националниот парк Маврово на Корабскиот масив.
Врвот Кабаш како дел од таа природа е еден од поризичните и ретко качувани врвови дури и во лето, а на прсти се бројат оние кои го качувале во зима.
Кабаш е еден од онаа импресивна низа на врвови кои висат над долината на Длаборка река, редоследно се Рибничка Скала (2305m), Кабаш (2395m), Гури Куј (2380m), Кепи Гропа Фонгот (2494m) и Боази (2495m) кои се врзуваат со Мал Кораб и Корабските водопади…
Ова е едно такво зимско искачување на еден од најатрактивните врвови во Македонија, реализирано на 12.02.2015 година од страна на Александар Кирковски и Благој Миленков.
https://youtu.be/YAy4KypE4Pk
Препорачуваме, наши репортажи летна од Кабаш…Средба со моќниот Кораб и малку зимска (видео) Го посетивме Кораб, го осетивме адреналинот
skimacedonia