Во рамките на Балканскиот зелен појас, дел од иницијативата Европски зелен појас, во секоја од деветте држави на Балканот се организираат фото конкурси на тема мотиви од зелениот појас. Македонското еколошко друштво, како членка на асоцијацијата Европски зелен појас, заедно со Еуронатур од Германија го најавува првиот фото конкурс на оваа тема, кој ќе трае до 30 јуни, 2016 година.
Наградите се:
1. Екскурзија во националниот парк Шварцвалд во Германија;
2. Промотивна брошура на фотографот – биографија и фотографии од наградениот фотограф (10 примероци);
3. Еднодневна посета на дел од зелениот појас во Македонија;
4. Еднодневна посета на дел од зелениот појас во Македонија;
5. Изданија на Македонско еколошко друштво.
Сите наградени ќе добијат и платена годишна членарина во Македонското еколошко друштво и наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2017 година. Наградените фотографии ќе бидат презентирани и на веб страните на Македонското еколошко друштво www.mes.org.mk и официјалната страна на Европскиот зелен појас www.europeangreenbelt.org. Ова е единствена можност да бидете дел од првиот фото конкурс на Балканскиот зелен појас, кој се случува во сите девет држави долж Балканскиот зелен појас!
Кој може да учествува? Секој кој живее или го посетил зелениот појас на Македонија.
До кога трае конкурсот? 30ти јуни 2016 година.
На кој начин може да бидат испратени фотографиите? Учеството е бесплатно. Испратете ги вашите фотографии на mkgreenbelt@mes.org.mk.
Членови на Комисијата за наградување:
1. Методија Велевски – Природнонаучен музеј;
2. Љубомир Стефанов – фотограф;
3. Кирил Арсов – Истражувачко друштво на студенти биолози;
4. Јован Божиновски – ПК Љуботен;
5. Светлана Пејовиќ – Македонско еколошко друштво.
Победниците ќе бидат објавени на крајот од јули 2016 година, на веб страната на Македонското еколошко друштво www.mes.org.mk.
Повеќе детали околу конкурсот
skimacedonia