Јелачки Црн Врв – Попова Шапка

jelacki crn vrvОрганизирано одење на Јелачки Црн Врв со почетна точка Попова Шапка. Отворена тура за сите љубители на природата, од почетници до хедонисти, само не е за алпинисти.
Почетокот е од пд. Смрека до Јелачки Црн Врв. Турата е доста лесна, се оди по колски пат, се до пред самиот врв. Одењето е за почетници кои треба да осетат малце снегче и изнесува 2,5 часа во правец.
Турава е смислена да се оди со сопствени возила, но треба да се пријавите за да се организираме подобро.
Доколку има повеќе пријавени, кои што немаат возила, а ние не сме во можност да ги услужиме, тогаш ќе биде организирано комбе со цена од по 400 денари по човек.
Доколку се пријавите доцнa и нема место, тогаш се извинуваме однапред.
Крајот на уживањето ќе биде во пд. Смрека на чај, пиво, ракија, салата. муабет, дружење.
Пријавување кај:
Алех 070 382 751
Хари 077 743 599
Дејан 071 212 808

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ
Психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови, високи разгазени зимски чевли, гамашни, зимска топла облека која заштитува од дожд и ветер, зимски ракавици, капа, планинарски стапчиња (облекување во слоеви).

ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец. Вода 2 л., суво овошје, сендвичи.

НАПОМЕНА:
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичот го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

ski touring shar mountain plat ceripasina jelak 015

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки