Прв ‘Ice Climbing & Drytooling’ Качувачки Собир -Маврово 2016

Ice Climbing Dry tooling mavrovo

КАЧУВАЊЕ МРАЗЕВИ ! DRY TOOLING! ТЕЛЕМАРК СКИЈАЊЕ! РЕВИЈАЛНО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ! ДРУЖЕЊЕ! ГРЕЕНО ВИНО ! КАЧУВАЧКА ЗАБАВА ! ПА ШТО ПОВЕЌЕ ?! И СЕТО ОВА ЕДИНСТВЕНО ВО МАВРОВСКО -РЕКАНСКИОТ РЕГИОН 🙂 ЈИИИИИХАААА!!! 🙂

 

По долгогодишна стагнација на искачувањето мразеви
во Македонија, оваа година имаме визија повторно да ја вратиме во живот магијата на оваа возбудлива и прекрасна качувачка дисциплина, организирајки го и унапредувајки го ‘ice climbing’-от и ‘dry tooling’-от во Мавровско -реканската регија. Настанот е во колаборација со ‘Балкан Телемарк’ евентот, за телемарк скијање, така што секој заинтересиран, може да се пријави и да го искуси телемарк скијањето во неделата на 14 Февруари.

Организатор:
Скк Вардар &НП Маврово

Покровител:
Федерација на Планинарски Спортови На РМ
www.fpsm.org.mk

ДАТУМ:
20 Февруари 2016 (преместен од 13 февруари)

ЛОКАЦИЈА:
Локалитет за качување мраз ‘Река’ -Корабски пат ( кон караула Стрезимир)

ЗБИРНО ВРЕМЕ
10.00

РАСПОРЕД НА НАСТАНОТ:
10.00 Пристигнување и регистрација на учесниците

11.00 -Почеток на натпреварот во ‘drytooling’ (top rope)

13.30 -Крај на натпреварот

13.30 -15.00
-Слободно качување на сите насоки, забава со музика, греено вино, ракија и планински оган !
15.00 -15.30 Прогласување на победниците од
I ‘Ice Climbing &Drytooling’ Собир -Маврово 2016 на пиедесталот на самиот локалитет.

17.00
-Свечено отварање на ‘Балкан Телемарк’

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ:
Натпреварувачкиот дел ке се одржи исклучиво во ‘DRYTOOLING’ дисциплината. За време на натпреварот, насоката која ќе биде наменета за натпреварувачкиот дел ќе биде резервирана само за учесниците, додека на другите насоки ќе се качува че има слободно качување на мраз.

**Напомена:
Наскоите ке направат непосредно пред натпреварот со цел да бидат подеднакво нови за сите. На натпреварот во ‘Drytooling’ ќе се качува top -rope а доколку има ситуација на супер финале учесниците ќе се натпреваруваат во водство !

ПРАВО НА УЧЕСТВО:
СЕКОЈ авнтурист, алпинист, планинар, спортски качувач, фрирајд скиор или daredevil. Настанот е отворен и за сите кои сакаат да се запознаат со овој спорт и сакаат да ги направат првите чекори во алпинизмот и качувањето.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
Кацига, појас, бајли, дерези, технички чевли.

**Секој кој не поседува опрема истата ќе му биде доделена на лице место. Напомена ! Сите заинтересирани кои не поседуваат опрема да се пријават на skkvardar@gmail.com

КОТИЗАЦИЈА: Учеството е слободно за сите учесници !

*На лице место ке биде поставена кутија за донации каде што секој по желба ке може да донира средства за клинови или клинови. (Може да се набават во скопје во ProSport Soravia).

СМЕСТУВАЊЕ:
Одморалиште ЕЛЕМ -Маврови Анови

-инфо на skkvardar@gmail.com

КАКО НАЈЛЕСНО ДО МАВРОВО -ТРАНСПОРТ
Официјален превозник на настанот:

Балкан Турс (shuttlebus -квалитет кој ке ве изненади)

Моб. 070345247 – главен координатор за сите комбиња
*напомена: јавете се порано во текот на денот да не има благи промени околу термините на возење.

*НАПОМЕНА:
Секој качува на сопствена одговорност ! Задолжително носење кацига за време на качувањето и осигурувањето ! Се движите на лизгав и несигурен терен, мало невнимание може да резултира со повреда ! отворете очи!
Организаторот го задржува правото на било какви промени околу настанот.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ‘Ice Climbing &Drytooling’ Собирот на:

071 555 185 или skkvardar@gmail.com Димитар Попов (главен организатор)

или

Инфо Центар -Маврови Анови 042489425

Спортски поздрав и се гледаме на 20 ти Февруари Сабота, и очекувајте луда журка во кафе Caballa Club Mavrovo !

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки