ДПС Трансверзалец на 28.02.2016 ќе организира еднодневно искачување на Илинска планина
Поаѓање во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 600ден.
Илинска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во западна Македонија со динарски правец на протегање од северозапад кон југоисток.
Највисоки врвови се Лиска (1.909 м) и Старец (1.577 м). Северозападно од Лиска е врвот Ветерник (1902 мнв), а понасевер е врвот Штирни камен (1898 мнв) до кој може да се стигне за 60-тина минути од врвот Лиска преку Ветерник.
Предвидено време за искчување до 5 часа.
Враќењето во Скопје е планирано во 20:00 часот
Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови.
Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност
Детали за акцијата и пријави на тел 070/641-998
skimacedonia
